Translate

Saturday, March 16, 2013

ТЕСТОВИ И ДИЈАГНОСТИЧКИ МЕТОДИ



  1. Физички преглед
Се слушаат белите дробови на детето со стетоскоп и одредени симптоми како цијаноза, отежнато дишење, одложен раст и забрзано дишење.

  1. Ехокардиограм
Безболен и безопасен тест кој се практикува во 4- 5 месец од бременоста на мајката, а се користи за креирање на подвижна слика на срцето на фетусот со помош на звучни бранови.

  1. Електрокардиограм ( EKG)
Електричната активност на срцето ја открива и евидентира брзината на чукање на срцето, цврстината, неисправноста на ритамот и големината на коморите.

  1. Градни x- зраци
x- зраците ја одредуваат големината на срцето и белите дробови и дополнителната крв или течност во белите дробови.

  1. Пулсна оксиметрија
Пулсната оксиметрија се состои од тоа што на прстот или петата на детето се става сензор кој е поврзан со мала компјутерска единица и ја покажува содржината на кислород во крвта.

  1. Срцева катетаризација
Катетар поминува низ вена на раката, препоните или вратот за да стигне до срцето, а откако ќе стигне се вбризгува боја во срцето или крвен сад која можат да ја видат x- зраците, а со тоа им овозможува на лекарите да го видат протокот на крвта низ срцето и крвните садови. Овој тест се користи и за проверка на крвниот притисок во внатрешноста на срцето и крвните садови.



  1. Магнетна резонанца ( MNI)
Магнетната резонанца ја покажува деталната структура на отчукувањата на срцето и оценува слаби или оштетени делови од срцето.

  1. Позитроноемисионо томографско ( PET) скенирање
Ова скенирање го определува нивото на хемиските активности во различни области на срцето, и намален проток на крв предизвикан од болест или оштетени мускули.

No comments:

Post a Comment