Translate

Saturday, March 16, 2013

Превентива



Иако сеуште не се утврдени точните причини за појавата на овие болести, постојат превентивни мерки со кои може да се спречи појавата на истите, а за нивното превземање е задолжена самата мајка, која треба да ги превземе во текот на бременоста, а тоа се:
  1. Земање на мултивитамински таблети кои содржат 400микрограми фолна киселина со која се избегнуваат дефекти при раѓањето на мозокот и рбетниот столб, а ги спречува и вродените срцеви болести.
  2. Пред зачнување да се направи тест за рубеола и да се прими вакцина за истата доколку не е примена.
  3. Оние жени кои боледуваат од дијабетес или фенилкетонурија мора да ги прилагодат лековите и исхраната пред и за време на бременоста.
  4. Да избегнуваат луѓе болни од грип или други вирусни инфекции.
  5. Да избегнуваат изложеност на органски растворувачи кои се користат во бои, лакови, разреѓивачи или средства за чистење.

No comments:

Post a Comment