Translate

Saturday, March 16, 2013

CHD

CHD или кардиоваскуларни конгенитални болести претставуваат вроден срцев дефект, односно најразлични малформации на срцето или неговите главни крвни садови. Тие се присутни кај: внатрешните ѕидови на срцето, валвулите во срцето, артериите или вените кои носат крв кон срцето или кон телото, а резултираат со нивен неправилен развиток пред или по раѓањето на детето. Повеќето видови CHD го спречуваат протокот на крв во срцето или крвните садови кои се во негова близина и такви кои предизвикуваат крвта да тече низ срцето по неправилна шема. Постојат и недостатоци кои влијаат врз ритамот на срцето. CHD се движат од едноставни до премногу сложени кои претставуваат опасност по животот и бараат интервенција од кои најчести се VSD, тетралогија на фалот, транспозиција на големите артерии и коарктација на аортата. Секој 9 новороденче од 1000 е родено со некој вид од овие болести, кои се движат од попрости до премногу сложени што предизвикуваат смрт кај новороденчињата доколку не се превземат итни мерки.  Иако CHD претставуваат водечка причина на смртност кај децата заболени од нив, напредокот на дијагностичката процедура и хируршките третмани доведоа до поголема стапка на преживување кај децата со CHD.     
 

No comments:

Post a Comment